БЕСПЛАТНИ ЕКСКУРЗИИ СО „ЕУРОЛИНК“ СО ПРОЕКТОТ „МАПА НА КУЛТУРАТА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕСПЛАТНИ ЕКСКУРЗИИ СО „ЕУРОЛИНК“ СО ПРОЕКТОТ „МАПА НА КУЛТУРАТА“

    Посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ е првата дестинација од проектот „Мапа на културата“, со кој „Еуролинк осигирување“ им овозможува на граѓаните на Македонија да дознаат повеќе за културните богатства и локалитети низ целата држава. Туристичките прошетки што се дел од проектот „Мапа на културата“ ќе се реализираат во текот на целата година во неколку етапи и ќе се посетат повеќе локации и знаменитости низ цела Македонија.

    „Мапа на културата“ е дел од платформата за општествена одговорност „Еуролинк- Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

    „Еуролинк осигурување” ги покрива сите трошоци за организација на настанот што вклучуваат логистика, професионални водичи, билети за посета на локалитетот, како и подароци и освежување за учесниците во турата. Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 29 октомври (сабота) со поаѓање од Дрво Декор во 10 часот. Сите заинтересирани ќе можат да се пријавуваат до 21 октомври 2016 (петок) на следната електронска адреса: [email protected] со испраќање име и презиме, возраст и телефон за контакт.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира