„БИТЛЏУС БИТЛЏУС“ НА ТИМ БАРТОН ЌЕ ГО ОТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    „БИТЛЏУС БИТЛЏУС“ НА ТИМ БАРТОН ЌЕ ГО ОТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛСтанува збор за продолжение на култната хорор комедија од 1988, во која Мајкл Китон игра демон. (Фото: „Ворнер брос“)

    Филмот „Битлџус Битлџус“ (Beetlejuice Beetlejuice) на режисерот Тим Бартон ќе го отвори 81. издание на Венецискиот филмски фестивал, што ќе се одржи од 28 август до 7 септември, соопшти директорот Алберто Барбера. Филмот ќе се прикаже вон конкуренција за награди, а во кината низ светот ќе игра од 4 септември.

    „Многу сум возбуден од оваа вест. Многу ми значи дека светската премиера на овој филм ќе биде Венецискиот филмски фестивал“, рече Бартон.

    Станува збор за продолжение на култната хорор комедија од 1988, во која Мајкл Китон игра демон. Китон, кој подоцна се прослави како Бетмен, ѝ се врати на оваа улога по цели 36 години и вели дека одамна така не се забавувал на едно снимање. Од оригиналната постава се враќаат и Винона Рајдер и Кетрин О‘Хара. Им се придружуваат Моника Белучи, Вилем Дефо, Џена Ортега и Џастин Теро.

    „’Битлџус Битлџус’ го означува долгоочекуваното враќање на еден од најпознатите легендарни имиња во кинематографијата, на Тим Бартон, но и го потврдува извонредниот визионерски талент на еден од најфасцинантните автори на неговото време. Биеналето во Венеција е почестено и гордо да биде домаќин на светската премиера на дело кое содржи изненадувачки замав на креативна имагинација и движечки халуцинаторен ритам“, изјави Барбера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира