БУГАРСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР Е „ВО СРЦЕТО НА МАШИНАТА“ ВО КОЈ ИГРА И МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР ИГОР АНГЕЛОВ

    БУГАРСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР Е „ВО СРЦЕТО НА МАШИНАТА“ ВО КОЈ ИГРА И МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР ИГОР АНГЕЛОВИгор Ангелов игра во трилерот „Во срцето на машината“ на Мартин Макариев. (Фото: Фејсбук)

    „Во срцето на машината“ на Мартин Макариев, во кој игра и македонскиот актер Игор Ангелов, е бугарски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм, одлучи Националниот филмски центар на Бугарија. Со комисијата за избор претседаваше Марија Бакалова, првата бугарска актерка номинирана за Оскар во американскиот филм „Борат 2“ на Саша Барон Коен.

    „Во срцето на машината“ на Макариев е трилер, кој лани освои „Златна роза“ на фестивалот во Варна, а годинава и награда за најдобар филм на фестивалот во Софија.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ангелов последниве години има успешна филмска кариера во Бугарија и е најпознатиот македонски актер таму, а бугарското издание на списанието „Космополитен“ го нарече „нежниот џин кој ги освои нашите срца“. Ангелов неодамна изјави дека дека е пријатно изненаден што преку своите улоги станал многу популарен во Бугарија и рече дека ова е признание за неговата работа. Тој во Бугарија е познат и по улогата во македонската серија „Преспав“, каде еден од тимот сценаристи е познатиот бугарски писател Александар Попов. Во моментов, бугарската Нова ТВ го емитува филмот „Со река на срцето“ во кој и игра и Ангелов.

    Косово за свој кандидат за Оскар годинава го избра „Барајќи ја Венера“ на дебитантката Норика Сефа, во кој малцински кородуцент е и Македонија.

    Македонски кандидат за Оскар е „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска, соопшти вчера Друштвото на филмските работници (ДФРМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира