БУЗАЛКОВСКА ГИ ОБЈАВИ РАЗГОВОРИТЕ СО УЧИТЕЛОТ УНКОВСКИ, КНИГАТА ЌЕ ЈА ПРОМОВИРААТ АКТЕРИТЕ ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ВОЈА БРАЈОВИЌ И БРАНКО ЦВЕЈИЌ

    БУЗАЛКОВСКА ГИ ОБЈАВИ РАЗГОВОРИТЕ СО УЧИТЕЛОТ УНКОВСКИ, КНИГАТА ЌЕ ЈА ПРОМОВИРААТ АКТЕРИТЕ ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ВОЈА БРАЈОВИЌ И БРАНКО ЦВЕЈИЌ„Ова е книга разговори на ученичката со својот учител низ повеќе фази, темелен теориски труд и практичен учебник“, вели Бузалковска за книгата за Слободан Унковски. (Фото: СДК.МК)

    Режисерката и професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Зоја Бузалковска дваесет години работела на книгата „Разговори со Унковски“, а промоцијата е закажана за утре во 20 часот во Кино Култура. Промотори ќе бидат Искра Гешоска, актерот Јовица Михајловски, како и прочуените српски актери Воја Брајовиќ и Бранко Цвејиќ. Книгата ја издава Театарот на Навигаторот Цветко.

    Разговорите се водени во три наврати: во 1999, во 2010 и непосредно пред издавањето на книгата, кон крајот на 2018.

    „Ова е книга разговори на ученичката со својот учител (еден доживотен статус) низ повеќе фази, темелен теориски труд и практичен учебник, кој на едноставен начин отвора суштински дилеми, мисли, изградени ставови, чувствувања, врзани со театарот на Слободан Унковски, со неговиот сценски ракопис, со пристапот или методот на мајсторот, со неговото битие, со неговиот толку посебен свет, кој најдиректно и најотворено го споделува и со нас“, вели авторката Бузалковска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари