ДЕБИТАНТСКИТЕ ФИЛМОВИ НА АПЧЕВСКА, ОПАЧИЌ И АБДУЛИ ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

    ДЕБИТАНТСКИТЕ ФИЛМОВИ НА АПЧЕВСКА, ОПАЧИЌ И АБДУЛИ ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМПролетно чистење“ на Апчевска доби 260.000 евра; - Апчевска со краткиот „Северен пол“ беше во конкуренција за Залтан палма во Кан. (Фото: Гети)

    Дебитантските долгометражни играни филмови на Марија Апчевска, Ана Опачиќ и Сенат Абдули добија поддршка од Агенцијата за филм на конкурсот за филмски за 2022 во прв рок на одлучување.

    Како што соопшти Агенцијата, „Пролетно чистење“ на Апчевска во продукција на „Кино око“ доби 260.000 евра, „Трета смена“ на Опачиќ и „Пик продукција“ доби 230.000 евра, а „Договор“ на Абдули и „Арнел продукција“ доби 240.000 евра.

    Краткиот „Северен пол“ на Апчевска е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна палма на Канскиот фестивал лани. Опачиќ е авторка на куси филмови и директорка на Дрим шорт филм фестивал, а Абдули е автор на еден долгометражен документарец.

    Поддржани се 10 проекти со малцинско македонско учество, од кои 81.000 евра за „Момчето со светло сини очи“ на грчкиот автор Танасис Неофотистос чиј македонски продуцент е „Сектор филм“. Новиот филм на Владимир Блажевски „Ќерка“ доби 32.000 евра.

    Поддржани се и 6 долгометражни документарци, меѓу кои и „Демир Хисар“ на Мито Панов и неговата „Пиреј филм“ со 40.000 евра, и „Зад камерите“ на Дина Дума и Скопје филм студио со 45.000 евра.

    Поддржани се вкупно 11 кратки филмови од кои 3 со малцински удел и два анимирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира