ДЕВЕТ ПРЕТСТАВИ ОД ПЕТ ЗЕМЈИ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКИ ТЕАТРИ „ИГОР МАЏИРОВ“

    ДЕВЕТ ПРЕТСТАВИ ОД ПЕТ ЗЕМЈИ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКИ ТЕАТРИ „ИГОР МАЏИРОВ“Фестивалот го отвораат домаќините со претставата „Том Соер“ в петок (Фото: ТДМ)

    Првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе се одржува од 30 септември до 4 октомври, во организација на Театарот за деца и младинци од Скопје. Ќе има натпреварувачки карактер и на првото издание ќе учествуваат девет претстави на театри од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Грција.

    Фестивалот го отвораат домаќините со „Том Соер“.

    „Во 1996 бевме домаќини на регионална иницијатива наречена Балкански куклен фестивал, но сега за првпат сме домаќини на еден поголем и позначаен фестивал за нас, што го носи името на актерот кој беше заштитен белег на овој театар и, генерално, на детската театарска и филмска публика“, рече Катарина Илиевска-Силјановска, директорката на Театарот за деца и младинци.

    Во рамките на фестивалот ќе има и тридневна работилница за кукларство, предводена од режисерот Јакуб Максимов од Чешка.

    Селектор на фестивалот е актерот Владимир Лазовски, а ќе се доделуваат неколку награди: Гран при за најдобра претстава во целина, како и награди за режија, костимографија, сценографија, музика, актер и актерка. За нив ќе одлучува жирито во состав Диана Крзаниќ-Тепавац, Благој Чоревски и Драгана Милошевски-Попов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира