ЕЛИЗАБЕТА БАКОВСКА ЈА ПРОМОВИРА ВТОРАТА ЗБИРКА РАСКАЗИ „ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛТКИ“

    ЕЛИЗАБЕТА БАКОВСКА ЈА ПРОМОВИРА ВТОРАТА ЗБИРКА РАСКАЗИ „ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛТКИ“„Последните голтки“ на Баковска излегува 14 години по нејзината прва збирка раскази (Фото: Фејсбук)

    Последните голтки“, втората збирка раскази на Елизабета Баковска, вечерва во 20 часот ќе биде промовирана во Младински културен центар во Скопје. Со поднаслов „Раскази за суштински нешта, вторпат“, таа доаѓа 14 години по објавувањето на нејзината прва збирка.

    Книгата се состои од два циклуси: „Раскази во трето лице“ содржи девет подолги раскази, а „Раскази во прво лице“ десет пократки.

    Иако поделбата е направена така да нѐ залаже дека во првиот дел се нелични, измислени приказни, а во вториот обратно, тоа, сепак, не е издрживо како основна подлошка за толкување. За првите може да се каже дека се малку помалку, а вторите малку повеќе лични. Сѐ на сѐ, ‘Последните голтки‘ е книга на и за сеќавањето, тефтер од минатото, потпикнат под масата на сегашноста, за да ја направи постабилна“, вели Оливера Ќорвезироска во најавата на книгата.

    Елизабета Баковска (1969) дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а докторирала на тема од областа на родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика, а „Последните голтки“ е нејзина вкупно осма книга.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира