ФАГОТИСТОТ ЌАЗИМ АСОТИЌ НОВ В.Д ДИРЕКТОР НА МОБ

    ФАГОТИСТОТ ЌАЗИМ АСОТИЌ НОВ В.Д ДИРЕКТОР НА МОБЌазим Асотиќ повеќе од 30 години е дел од Оркестарот на МОБ (Фото: Фејсбук)

    Фаготистот Ќазим Асотиќ е нов в.д директор на Македонската опера и балет (МОБ) . Музичарот, кој повеќе од 30 години е дел од Оркестарот на МОБ, на функцијата доаѓа на местото на Илија Рајковски.

    Асотиќ ни изјави дека на функцијата е официјално назначен во петокот, а денес извршиле примопредавање со досегашниот в.д директор Рајковски. Тој беше директор од август 2017 година.

    Директорот додава оти денес имал средба со уметничките директорки на Операта и на Балетот, Бисера Чадловска и Олга Панго, но повеќе инфорамации околу следни активности и планови ќе даде наскоро.

    Б.НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира