ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ЈА ПОБЕДИ ЛЕДИ ГАГА НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

    ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ЈА ПОБЕДИ ЛЕДИ ГАГА НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИРами Малек го доби Златниот глобус за најдобар актер во драма за улогата на музичарот со светска слава Фреди Мерјкури во „Боемска рапсодија“ (Фото: АП)

    „Боемска рапсодија“, филмот за рок групата „Квин“, е победникот што ги изненади сите на доделувањето на 76. Златни глобуси во Беверли Хилс, освојувајќи ги двете големи награди. Биографскиот филм за Фреди Меркјури ги доби статуетките за најдобар филм/драма и за најдобар актер во драма за ѕвездата на филмот Рами Малек, кој го игра фронтменот на групата.

    Леди Гага доби Златен глобус за најдобра песна во „Ѕвезда е родена“ (Фото: АП)

    Фаворитот „Ѕвезда е родена“, од петте номинации, ја доби само наградата за најдобра песна за „Плитко“ (Shallow).

    Најдобра актерка за филм/драма е Глен Клоуз за улогата во „Сопруга“.

    Кристијан Бејл и Оливија Колман добија Златни глобуси за најдобар актер и актерка во категоријата најдобар филм комедија/мјузикл, за улогите во „Потпретседател“ и „Фаворитот“.

    Најдобар режисер е Алфонсо Куарон, а неговиот „Рома“ е и најдобар странски филм.

    Двократниот оскаровец Алфонсо Куарон, на Глобусите доби награди за најдобар режисер и најдобар странски филм за „Рома“ (Фото: АП)

    Втор голем победник на вечерта е „Зелена книга“, филм награден за најдобар мјузикл/комедија, најдобро сценарио и актер во споредна улога за Махершала Али.

    Победниците на Златните глобуси важат за предвесници за Оскарите, кои ќе се доделат следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира