„ГАЛИМАР“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК РОМАНОТ „ТОНИ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА НА 3 СЕПТЕМВРИ

    „ГАЛИМАР“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК РОМАНОТ „ТОНИ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА НА 3 СЕПТЕМВРИ„Галимар“ ќе  објави „Тони“ на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон; - Од македонското издание на романот на издавачот „Три“.

    Водечката француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“,  првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска. „Галимар“ ќе  објави „Тони“ на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е објавено од „Галимар“, издавач што постои 114 години.

    „Тони“ го објави македонската издавачка куќа „Три“ во декември 2024, а на македонски јазик има четири изданија.

    „Тони“ е објавен во Србија од издавачот „Бука“, во Хрватска од „Фрактура“, во Црна Гора „Нова књига“, 2025) и од „Бука“ во БиХ. Во мај годинава беше објавен и на шпански, од издавачката куќа „Едиторијал импедимента“ од Мадрид. Во текот на следната година романот ќе биде објавен во Португалија, САД, Грција и Албанија.

    „Романот е брутално комичен и длабоко трагичен, реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите. Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него. Ставајќи се себеси на прво место, Тони неприкосновено се држи за својата илузорна дефиниција за личната слобода. ’Тони‘ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие“, вели издавачот „Три“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира