ГЕРИЛА АКЦИЈА ПРОТИВ ЃОЛЕ И БЕТИ НА „МАНАКИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРИЛА АКЦИЈА ПРОТИВ ЃОЛЕ И БЕТИ НА „МАНАКИ“

    Со герила акција вечерва во Битола беше пречекан претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ чие отварање на 37. издание е во тек.  На црвениот килим пред Домот на културата во Битола, каде дефилираа гостите и публиката на фестивалот, кога се појави Иванов во друштво со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, герилците од Битолското движење застанаа со три транспаренти испишани на платно.

    За Иванов беше пораката „Хорхе=банално зло“, за министерката Канческа Милевска „Врло веома културно“, а за сите „Симнете ги маските“. Герилците викаа и „претседателе, претседателе“, но обезбедувањето не ги пушти да се приближат до црвениот килим.

    „Браќа Манаки“ се отвора со премиерата на македонско-хрватско-финската копродукција „Ослободувањето на Скопје“, што е режисерско деби на славниот актер Раде Шербеџија и син му Данило. Пепи ирчевски игра една од улогите во филмот.

    На свеченото отворање, на оскаровецот кинематографер Џон Сил ќе му биде врачена златна „Камера 300“ за животно дело, а писмо од годинашниот лауреат Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за него. Филмовите во конкуренција за награди ќе ги оценува меѓународно жири на чело со кинематограферот Федон Папамихаил, годинашен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Во сите фестивалски програми ќе играат вкупно 150 филмови. Фестивалот се затвора на 17 септември со премиерата на македонскиот филм „Златна петорка“, дебито на Горан Тренчовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира