ГЕРМАНСКАТА РАЈНСКА ФИЛХАРМОНИЈА ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО ТЕТОВО, УТРЕ ВО СКОПЈЕ

    ГЕРМАНСКАТА РАЈНСКА ФИЛХАРМОНИЈА ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО ТЕТОВО, УТРЕ ВО СКОПЈЕГерманската Рајнска филхармонија постои од 2006 година, а коосновач, музички директор и диригент е Десар Сулејмани (Фото: Германска Рајнска филхармонија)

    Германската Рајнска филхармонија со диригентот Десар Сулејмани, вечерва ќе одржи концерт во 19,30 часот во Тетовскиот театар. Концертот е дел од фестивалот „Сцена на класична албанска музика“. Ќе бидат изведени делата: Третата симфонија од Брамс, „Рапсодија во сино“ од Гершвин, како и една премиера. Влезот ќе биде слободен.

    Германската Рајнска Филхармонија, утревечер во 20 часот ќе има концерт во Македонската филхармонија, заедно со македонски музичари и со истата програма. Билетот чини 100 денари.

    Концертната турнеја на Рајнската филхармонија ја организираат културното здружение „Алегрето“ од Тетово и Гете институтот од Германија.

    Германската Рајнска филхармонија постои од 2006 година, а коосновач, музички директор и диригент е Сулејмани, кој е роден во Албанија. Кариерата ја развива како пијанист и диригент во повеќе земји во Европа и во Азија, а во Германија диригирал и со голем број на оркестри. Сулејмани е и уметнички директор на Европската летна музичка академија во Косово.

    Покрај стандарниот симфониски репертоар со композиции од Бетовен, Шостакович и Рахмањинов, ГРФ е препознатлива по тоа дека изведува современи дела и дела од композитори кои не се изведуваат често.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира