И МАКЕДОНИЈА НА БЕРЛИНАЛЕ СО РОМАНСКИОТ „МАЛМКРОГ“ НА ПУЈУ, ЧИЈ ПРОДУЦЕНТ Е ЛАБИНА МИТЕВСКА

    И МАКЕДОНИЈА НА БЕРЛИНАЛЕ СО РОМАНСКИОТ „МАЛМКРОГ“ НА ПУЈУ, ЧИЈ ПРОДУЦЕНТ Е ЛАБИНА МИТЕВСКАФилмот на еден од најреномираните романски режисери Кристи Пују ќе ја отвори новата натпреварувачка програма Средби на јубилејното 70. Берлинале. (Фото: Продукција „Мандагора“)

    „Малмкрог“, новиот филм на еден од најреномираните романски режисери Кристи Пују во кој македонски копродуцент е „Сестри и брат Митевски“, ќе ја отвори новата натпреварувачка програма Средби на јубилејното 70. Берлинале. Во Средби, чија цел според фестивалот е да дава повеќе простор за разновидни наративни и документарни форми, избрани се 15 филмови, а ќе има посебно тричлено жири кое ќе доделува награди за најдобар филм, најдобар режисер и сцецијална награда на жирито.

    „Малмкрог“, кој според Берлинале е наречен „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“, е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е „Мандагора“ од Романија.

    Пују филмот по свое сценарио го именувал по село во Трансилванија и го заснова по книгата на Владимир Соловјев „Три разговори“, а приказната е за војната, прогресот и крајот на историјата.

    Продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“ соработуваше со наградуваниот Пују на филмот „Сиераневада“ кој во 2016 беше во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал.

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска во продукција на „Сестри и брат Митевски“,  лани беше прв македонски филм кој играше во официјалната програма на Берлиналето и се тркаше за Златна мечка. Филмот на Митевска ги доби наградите на Екуменското жири и на Здружението на германските кина за авторски филм, паралелни награди на Берлиналето што ги доделуваат независни жирија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира