И СЕМЕЈСТВОТО НА САБИНА ТОЗИЈА НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА НАСТАНОТ МЕСТО КОМЕМОРАЦИЈА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР

    И СЕМЕЈСТВОТО НА САБИНА ТОЗИЈА НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА НАСТАНОТ МЕСТО КОМЕМОРАЦИЈА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАРГрупниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие луѓе кои го посветиле животот на Драмски, а воедно е навредлив за мене и моето семејство, вели синот Вардан Тозија. (Фото: Фејсбук)

    И синот на големата актерка Сабина Ајрула-Тозија, режисерот Вардан Тозија, објави дека нема да учествува на настанот место комеморација во Драмскиот театар на кој театарот ќе си спомене на починатите членови на ансамблот меѓу кои и актерката Мајда Тушар која почина на 14 април и основачот и првиот директор и театролог Ристо Стефановски кој почина на 22 март, како и актерката и Видосава Грубач која почина на 23 декември лани.

    Вардан оваа одлука на смеејството ја објави кусо откако Игор Стефановски, внук на Ристо и син на Горан, на Фејсбук објави дека нема да присуствуваат на настанот оти сметаат дека „комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку мора да има“.

    „Сметам дека групниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие луѓе кои го посветиле животот на Драмски, а воедно е навредлив за мене и моето семејство. Мислам дека, како личност која поминала најголем дел од животот во оваа институција и оставила силен печат во македонскиот театар и кинематографија, таа заслужува нешто повеќе од хипи-смотра на денот на театарот, низ банална ‘благодарност’ и ‘чаша тиквешко’. До неодамна постоеше правило како се испраќа колега, пријател, актер… очигледно, тие вредности кај некои кои раководат со театарот не значат многу. Сигурен сум дека таа на ист начин би ги бранела овие актерски, и пред се’, човечки начела кога би станало збор за нејзин соработник. Ова збогување со луѓе кои го оставиле својот живот за афирмација на театарот и својата земја, е воедно срам за театарот, и срам за оваа земја“, објави на Фејсбук Тозија и најави дека комеморација на Сабина, која почина на 10 август лани, ќе има наскоро на поинаков начин и во друга институција.

    На 21 април, повод 76. роденден на Драмски, театарот соопшти дека утре во 12 часот ќе ги отвори вратите „за сите колеги, соработници, почитувачи на Драмски, без официјални покани, без билети, без протоколи“ за да оддаде „благодарност за она многу што Драмски го доби од Ристо, Сабина, Мајда, Вида“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира