ИГОР ШОКИРАН ОД СЕСТРА МУ ТАЊА КОЈА БЕЗ НАЈАВА ДОПАТУВА ОД САД НА НЕГОВАТА ПРОМОЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИГОР ШОКИРАН ОД СЕСТРА МУ ТАЊА КОЈА БЕЗ НАЈАВА ДОПАТУВА ОД САД НА НЕГОВАТА ПРОМОЦИЈА

    Вистинско изненадување му приреди сестрата на Игор Џамбазов, Тања, која повеќе од дваесет години живее во САД, и без да знае тој, таа прексиноќа ненајавено се појави на неговата промоцијата на новата книга „Умрен човек“  на Саемот на книгата на штандот на „Три“.

    Тања скриена со книга пред лицето мирно застана во редот со почитувачите на Игор, чекаќи 15 минути за потпис на книгата.

    Кога се сретнаа имаше врискотници, прегратки, смеа, преголема радост… Публиката, па и од издавачот „Три“ беа збунети несфаќајки што се случи.

    Фамилијата Џамбазови ќе се собере и утре вечер на концертот на Македонската филхармонија кога со најголемите хитови на маестро Александар Џамбазов ќе го одбележи неговиот 80 роденден, маестро Александар Џамбазов со ќерка му Tања

    Фамилијата Џамбазови ќе се собере и утре вечер на концертот на Македонската филхармонија кога со најголемите хитови на маестро Александар Џамбазов ќе го одбележи неговиот 80 роденден, маестро Александар Џамбазов со ќерка му Tања (СДК.МК)

    Тања е архитектка која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.

    Таа ретко доаѓа во Македонија, а последен пат во Скопје беше лани, кога Игор поради здравствени проблеми го одложи концертот во салата во „Борис Трајковски“.

    Тања и Игор имаат уметнички гени на дедо им Петре Прличко, и на родителите, композиторот Александар и глумицата Анче Џамбазова.

    Во 2016 година таа сними  три филма во Сан Франциско, играше руски емигрант во Канада, учителка по пијано од Источна Европа, како и Хелена, жената на Бертолд Брехт.

    Фамилијата Џамбазови ќе се собере и утре вечер на концертот на Македонската филхармонија кога со најголемите хитови на маестро Александар Џамбазов ќе го одбележи неговиот 80 роденден.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари