ЈОРДАН СИМОНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР АКТЕР НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“

    ЈОРДАН СИМОНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР АКТЕР НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“Симонов е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“  од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи. (Фото: МНТ)

    Актерот Јордан Симонов од Македонскиот народен театар (МНТ) ја доби наградата за најдобро актерско оставрување „Ристо Шишков“ на 31. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Симонов, како што соопшти МНТ е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи.

    Одлуката ја донесе жирито на чело со Дарја Ризова и членовите Мими Таневска и Иван Додовски.

    „Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината“, стои во одлуката на жирито.

    Триесет и првото издание на Фестивалот почна на 9 септември и ќе трае 15 дена.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира