КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ОТВОРА СО ЗОМБИ-КОМЕДИЈАТА НА ЏАРМУШ

    КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ОТВОРА СО ЗОМБИ-КОМЕДИЈАТА НА ЏАРМУШ„Мртвиот не умира“ на Џим Џармуш ја отвора конкуренцијата за Златна палма, а оскаровецот Алехандро Ињаритуе на чело на жирито. (Фото: АП)

    Седумедест и второто издание на Канскиот филмски фестивал почнува денес, со премиерата на зомби-комедијата „Мртвиот не умира“ на Џим Џармуш  и со претставување на жирито на чело со оскаровецот Алехандро Ињариту.

    На фестивалот, кој завршува на 25 мај, во конкуренцијата за Златна палма премиерно ќе се играат новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ и биографскиот филм за Елтон Џон „Рокетмен“ во режија на Декстер Флечер. Други големи имиња кои доаѓаат со нови филмови во Кан се Теренс Малик („Скриен живот“), Педро Алмодовар („Болка и слава“), Кен Лоуч („Извинете што ве промашивме“), браќата Дарден („Младиот Ахмед“ и Марко Белокио („Предавник“). Канадскиот режисер Ксавиер Долан, кој пред три години ја подели наградата Гран при на жирито со Жан-Лик Годар, се враќа со „Матијас и Максим“, Французинот Арно Деплешан ќе се натпреварува со „О, милост!“, а Романецот Корнелиу Порумбоју со „Свиркачите“.

    Осумдедет и две жени лани протестираа за родова еднаквост на славните скали пред Канската палата. Уметничкиот директор Тјери Фремо потпиша ветување дека селективниот процес за фестивалската програма ќе го направи потранспарентен и дека ќе инсистира кај извршните одбори за родова еднаквост. Годинава четири режисерки се во трка за Златна палма.

    Во Кан,  утре на отворањето на програмата 15 дена на авторите популарна како Кензен, ќе се прикаже краткиот филм „Знакот“ (The Sign) на македонската режисерка Елеонора Венинова, кој е дел од балкански омнибус со 5 кусометражни филмови.

    На Канскиот фествивал има и претставници од Агенцијата за филм на Северна Македонија, кои ќе ги претстават најновите македонски филмови на својот штанд во павилјонот на Југоисточна Европа. На филмскиот маркет, на 17 мај ќе биде прикажан филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши. На работилницата од програмата за развој на сценарија ќе биде режисерот Вардан Тозија, кој беше селектиран за учество со сценариото за долгометражниот игран филм со работен наслов „М“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира