КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗАБРАНИ ПРИСУСТВО НА РУСКИ ДЕЛЕГАЦИИ, РУСИЈА ИСФРЛЕНА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗАБРАНИ ПРИСУСТВО НА РУСКИ ДЕЛЕГАЦИИ, РУСИЈА ИСФРЛЕНА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИЗасега е непознато дали во програмата ќе има филмови на руски режисери (Фото: Кански фестивал)

    Канскиот филмски фестивал објави дека руски делегации нема да смеат да присуствуваат на неговото 75. издание во мај.

    „Додека светот е погоден од криза во која што дел од Европа се најде во војна, Канскиот фестивал сака да му изрази поддршка на украинскиот народ. Го осудуваме однесувањето на Русија и на нејзините лидери. Освен ако војната не заврши според условите што ќе го задоволат украинскиот народ, руски делегации нема да бидат добредојдени на фестивалот, ниту ќе прифатиме присуство на лица кои имаат врски со руската влада“, соопштија организаторите.

    Засега е непознато дали во програмата на фестивалот ќе има филмови на руски режисери.

    Во изминатите години, Кан го сврте вниманието кон новата генерација политички освестени руски филмаџии, па двата последни филма на Кирил Серебреников беа во натпреварувачката конкуренција. Тој и натаму се наоѓа под тригодишната забрана за патување.

    Европската филмска академија исто така ја осуди руската инвазија и ги исклучи руските филмови од годинашните Европски филмски награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира