КОПИИ ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ДЕЛА НА РАФАЕЛО ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ

    КОПИИ ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ДЕЛА НА РАФАЕЛО ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈОд отворањето на патувачката изложба во Пекинг во февруари годинава. (Фото: Хсинхуа)

    Mузејски репродукции на 14 дела кои се меѓу најпознатите портрети од ренесансниот мајстор Рафаело Санти ќе се изложат во Археолошкиот музеј на Северна Македонија од 19 октомври. Станува збор за дела од патувачката изложба „Рафаело: Опера oмниа“.

    Меѓу копиите од портретите кои ќе се изложат, две се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии Боргезе и Барберини во Рим, Уфици и Палатина во Фиренца и Националната галерија во Урбино.

    Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

    Оваа изложба почна да патува низ светот во 2020, во чест на јубилејот 500 години од неговата смрт.

    „Рафаело: Опера омниа“ досега била изложена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореја и Приштина.

    Изложбата во Скопје се организира во соработка со Италијанската амбасада, а ќе трае до 20 декември. Влезот ќе биде бесплатен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира