КРАТКАТА АНИМАЦИЈА НА ВУК МИТЕВСКИ „ЕДНА“ ПРЕМИЕРНО НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КРАКОВ

    КРАТКАТА АНИМАЦИЈА НА ВУК МИТЕВСКИ „ЕДНА“ ПРЕМИЕРНО НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КРАКОВ„Една“ е 11-минутна љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин

    Краткометражната анимација „Една“ на Вук Митевски премиерно ќе се прикаже на 59. Интернационален филмски фестивал во Краков. „Една“ ќе се прикаже во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата Сребрен змеј за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет. Проекциите на „Една“ се на 28 и 30 мај.

    Фестивалот во Краков се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови, и е помеѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскари во категоријата на кратка анимација.

    „’Една’ е 11-минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Всушност  ‘Една ‘е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација“, велат од продукцијата „Сестри и брат Митевски“. По претходниот голем успех на анимацијата „Алерик“, ова е четврта анимација на Вук Митевски

    Анимацијата е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е поддржана од македонската Агенција за филм. Продукцијата е работена во Македонија, постпродукцијата во Германија, каде се работел и звукот.

    Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е на Оливие Самујо, монтажа на Благоја Неделковски и на Ванчо Мираковски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари