„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН НА ФИЛМСКИОТ МАРКЕТ ВО КАН

    „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН НА ФИЛМСКИОТ МАРКЕТ ВО КАНСтанува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка. (Фото: „Фокус покус“)

    Вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“, по успешното деби „Џган“,  ќе биде прикажан на маркетот на Канскиот филмски фестивал за филмски професионалци кој трае од 16 до 27 мај, соопшти Агенцијата за филм на Македонија. Агенцијата има штанд на маркетот во рамки на павилјонот на земјите од Југоисточна Европа.

    „М“ е снимен цо продукција на „Фокус покус филмс“, односно во во копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Станува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка.

    На маркетот ќе биде претставен и проект на режисерот Доријан Жеспер, копродукција на Белгија, Франција, Англија и „Веда Филм“ од Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира