МАКЕДОКС НАЈАВИ 70 ГОСТИ ОД СТРАНСТВО И МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА „ВОЗНЕМИРЕНА ЗЕМЈА“ НА КУМЈАНА НОВАКОВА

    МАКЕДОКС НАЈАВИ 70 ГОСТИ ОД СТРАНСТВО И МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА „ВОЗНЕМИРЕНА ЗЕМЈА“ НА КУМЈАНА НОВАКОВАОрганизаторите велат дека по две години, речиси целата програма ќе се одвива во живо (Фото: МакеДокс)

    „Лупење идеи“ ќе биде мотото на 13. издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, што ќе се одржува од 18 до 25 август на четири локации низ Скопје (Куршумли ан, платото на Музејот на Македонија, МКЦ и Европска куќа Скопје). Организаторите најавуваат 70 гости од странство и кажаа дека по две пандемиски години, речиси целата програма ќе се одвива во живо.

    „Добивме филмови од пет континенти и со месеци ги гледавме пред да ја составиме програмата. Фестивалот се отвора со индиско-британскиот филм ‘Сè што дише‘“, изјави селекторката на програмата, Петрула Велјановска.

    Ќе има четири натпреварувачки програми, од кои во главната ќе бидат прикажани девет филма, кои конкурираат за наградата Кромид. Меѓу нив е и „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Шпанецот Гилермо Карерас-Канди. Овој филм имаше светска премиера на ланскиот Сараевски фестивал.

    Програмата за млади автори содржи 11 наслови, во кратката програма ќе има 17 филма, како и осум во студентската програма. Земја во фокус ќе биде Чешка и оваа програма се отвора на 19 август.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира