МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ ОД 1970-ТЕ И 1980-ТЕ ПРЕТСТАВЕНА ПРЕКУ 52 АВТОРА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ИЗЛОЖБА ВО МСУ

    МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ ОД 1970-ТЕ И 1980-ТЕ ПРЕТСТАВЕНА ПРЕКУ 52 АВТОРА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ИЗЛОЖБА ВО МСУДел од изложените дела се во сопственост на МСУ, НГМ, Музејот на Град Скопје и дел се од приватни колекции. (Фото: С. Неделковски)

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ е насловена изложбата која од утре ќе биде поставена во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Кураторка на изложбата е Марика Бочварова-Плавевска, а кустос – соработник е Благоја Варошанец. Музејот за посетители е отворен секој работен ден, вклучувајќи и сабота од 10 до 17 часот, освен понеделник, а во недела е отворен од 10 до 13 часот.

    Претставени се 52 автора со преку 80 дела. Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија на Македонија (НГМ), од Музејот на Град Скопје и дел од приватни колекции.

     

    Музејот за посетители е отворен секој работен ден, вклучувајќи и сабота од 10 до 17 часот, освен понеделник, а во недела е отворен од 10 до 13 часот. (Фото: С. Неделковски)

    „Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 1960-те години, акцентирани преку 1970-те години и на некој начин вклопени во 1980-те години. Продолжетокот на ваквите размислувања се битни и за 1990-те години, бидејќи самата промоција на промените ја актуелизираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас“, вели Бочварова.

    Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски, Јордан Грабул, Мирослав Грчев, Божидар Дамјановски, Евгенија Демниевска, Марин Димески, Александар Ивановски Карадаре, Ристо Калчевски, Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Марина Лешкова, Танас Луловски, Петар Мазев, Димитар Манев, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Дарко Марковиќ, Стефан Маневски, Петре Николоски, Станко Павлески, Боро Пејчинов, Душан Перчинков, Драган Петковиќ, Владо Плавевски, Лазо Плавевски, Ана Темкова, Анета Светиева, Глигор Стефанов, Веле Ташовски, Билјана Унковска, Слободан Филовски, Глигор Чемерски, Нове Франговски, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Томо Шијак, Јован Шумковски.

    Поставката ќе биде отворена до септември годинава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира