МАНЧЕВСКИ НА САМИТ ВО АБУ ДАБИ СО ОЛБРАЈТ И ДИРЕКТОРИТЕ НА УНЕСКО, „КЕНЕДИ“ И „ГУГЕНХАЈМ“

    МАНЧЕВСКИ НА САМИТ ВО АБУ ДАБИ СО ОЛБРАЈТ И ДИРЕКТОРИТЕ НА УНЕСКО, „КЕНЕДИ“ И „ГУГЕНХАЈМ“Манчевски на снимањето на кусиот филм „Крајот на времето“ лани во Куба (Фото:Официјална фејсбук страна на Манчевски)

     

    Режисерот Милчо Манчевски учествува на Глобалниот културен самит на највисоко ниво во Абу Даби, соопшти С-Прес. Меѓу учесниците се Медлин Олбрајт, поранешна државна секретарка за надворешни работи на САД, директор на фондацијата „Гугенхајм“ Ричард Армстронг, Ирина Бокова, Генерален директор на УНЕСКО, Тан Дан, добитник на Оскар за музика, Дебора Рутер, претседателка на центарот „Кенеди“, Дрен Вокер, претседател на фондацијата „Форд“, Идрис Кан, уметник, кореографот Лиз Лерман, како и претставници на универзитетот Беркли, на Карнеги хол и други.

    На самитот, од 9 до 13 април, во текот на пет дена скоро 300 учесници од над 80 земји – меѓу кои врвни уметници и клучни играчи во владини активности, филантропија, областите на заштита на културно наследство, образование, медиуми, наука и технологија – на повеќе панели на мултидисциплинарен начин ќе разгледуваат низа предмети и теми кои се однесуваат на тоа како културни орудија можат да се користат за да се помогне во справувањето со значајните меѓународни предизвици и да се исползуваат можностите кои се претставуваат.

    Последниот краток експериментален филм на Манчевски, американско-кубанската копродукција „Крајот на времето“,  на 5 април имаше светска премиера на Фестивалот на краткометражни филмови во Аспен, Колорадо. Фестивалот е квалификуван во номинациите за Оскар.

    Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК  во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент Спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира