МЕ РАДУВА КОГА ВЕЛАТ ДЕКА СУМ НАПРАВИЛ ХРАБАР ФИЛМ, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“

    МЕ РАДУВА КОГА ВЕЛАТ ДЕКА СУМ НАПРАВИЛ ХРАБАР ФИЛМ, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“Режисерот Гоце Цветановски со филмската екипа на премиерата во Скопје (Фото: Приватна архива)

    Со кинопремиера и три проекции во „Синеплекс“ почна прикажувањето на еден од најнaградуваните македонски филмoви „Бизнисот на задоволството“ на режисерот, Гоце Цветановски. Филмот почна со проекции и во другите градови низ Македонија. Денеска ќе има можност да го види публиката во Кочани, а во Штип и во Велес ќе биде прикажан в недела.

    Режисерот Гоце Цветановски ги повика сите љубители на филмот да го проследат неговото дело кое што отвора една деликатна тема како што е присилната проституција, а во фокусот се корупцијата и трулоста на целиот систем.

    „Како режисер сум премногу задоволен од приемот на публиката на првите проекции. Коментарите се дека сме направиле филм кој се разликува од се’ останато што досега е направено во Македонија и ме радува што многумина искоментираа дека е храбар и обработува чувствителни теми. Повеќе не би коментирал, ги повикувам сите љубители на филмот да дојдат во кино и да видат за што станува збор, па заедно ќе дебатираме. Веќе е на редовниот репертоар и се прикажува секој ден“, рече Цветановски.

    Улогите ги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

    Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира