МЕТРОПОЛИТЕН ОПЕРАТА ВО ЊУЈОРК ЈА ОТКАЖА ЦЕЛА СЕЗОНА И НЕМА ДА ГИ ИСПЛАЌА МУЗИЧАРИТЕ И ХОРИСТИТЕ

    МЕТРОПОЛИТЕН ОПЕРАТА ВО ЊУЈОРК ЈА ОТКАЖА ЦЕЛА СЕЗОНА И НЕМА ДА ГИ ИСПЛАЌА МУЗИЧАРИТЕ И ХОРИСТИТЕГенералниот директор на Мет, Питер Гелб изјави дека се откажува од неговата лата од 1.45 милиони долари сѐ до враќање на работите во контрола, а членовите со повисоки примиња во админсстрацијата на престижната оперска куќа ќе добијат плата помала од 10 до 50 отсто.(Фото: АП)

    Оперската куќа Метрополитен во Њујорк ги откажа сите настани до крајот на сезоната, и објави дека на крајот на март ќе ја стопира исплатата на платата на музичарите во оркестарот, на хористите и на членовите на синдикатите поради мерките за коронавирус.

    Генералниот директор на Мет, Питер Гелб изјави дека се откажува од неговата лата од 1.45 милиони долари сѐ до враќање на работите во контрола, а членовите со повисоки примиња во админсстрацијата на престижната оперска куќа ќе добијат плата помала од 10 до 50 отсто. Мет основаше фонд за итни ситуации ссо 60 милиони долари, и доби ветување од одборот дека ќе може да искористи 11 милиони долари од фондот.

    „Имаме сериозни проблеми со протокот на пари поради големата загуба на благајната. Во исто време ги охрабруваме купувачите на билети да ги донираат парите наместо да бараат рефундација, или пак барем да ги вратат на сметката, за да можеме да се покриеме за идните изведби“, изјави Гелб.

    Со буџет од 308 милиони долари за оваа сезона, Мет е најголема културно-уметничка институција во САД. Сезоната требаше да заврши на 9 мај, а сезоната 2020/2021 да почне на 21 септември.

    Американското здружение на музички уметници, кој ги застапува хоровите и пејачите, на одлуката на Мет гледа како на задолжителен неплатен одмор, а не отпуштања од работа, затоа што не се раскинати договорите.

    Мет нема да ги исплати ниту солистите за откажаните настапи.
    „Во историјата на театарот и операта, уметниците кои вообичаено добиваат високи хоноари, како во Мет, во вонредни ситуации не добиваат хонорари. Тоа не значи дека не сочувствуваме со нив или не ги поддржуваме. За Мет повторно да се врати на нозе и да биде сцена каде тие ќе може да настапуваат наесен, мора да биде силни и да преживееме“, рече директорот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира