„МИЛЕНИЧКА“ НА ЛАНТИМОС Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ, СИРИСКИОТ „ЗА САМА“ ГО ПОБЕДИ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ

    „МИЛЕНИЧКА“ НА ЛАНТИМОС Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ, СИРИСКИОТ „ЗА САМА“ ГО ПОБЕДИ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ„Медена земја“ е првиот македонски филм номиниран за престижната награда на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како европски Оскар, а на свеченоста во Берлин беа режисерката Тамара Котевска со снимателот Самир Љума и со продуцентот Атанас Георгиев. (Фото: Фејсбук)

    „Миленичка“ на Јоргос Лантимос е најдобар филм, а сирискиот „За Сама“ на Ваад ал-Катеб и Едвард Ватс го победи македонскиот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов во категоријата најдобар документарец на вечерашното доделување на наградите на Европската филмска академија (ЕФА) во Берлин.  „Медена земја“ е првиот македонски филм номиниран за престижната награда позната и како европски Оскар, а на свеченоста во Берлин беа режисерката Котевска со снимателот Самир Љума и со продуцентот Атанас Георгиев.

    „Миленичка“ е апсолутен победник на 32. доделување на ЕФА, покрај за најдобар филм доби уште 6 награди: за режија, комедија, најдобра актерка, кинематографија, шминка, костими и монтажа. (Фото: ЕФА)

    „Миленичка“ е апсолутен победник на 32. доделување на ЕФА, доби уште 6 награди: за режија, комедија, најдобра актерка, кинематографија, костими и монтажа.

    „За Сама“ го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, една од режисерите на филмот, за време на петгодишната војна во Алеп, кога ја добила ќерката Сама.

    Церемонијата на наградите почна со оддавање почит на претходниот претседател на ЕФА, легендарниот британски продуцент Ник Пауел, кој почина на 7 ноември, една недела по македонската премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски, што беше негов последен филм кој го продуцирал.  Пауел беше на чело на ЕФА од 1996-2003, а потоа беше потпретседател.

    Антонио Бандерас се заблагодари преку видеопорака, а наградата ја подигна Алмодовар (Фото: ЕФА)

    Антонио Бандерас ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Болка и слава“ на Педро Амодовар.

    „Педро Алмодовар е чудо кое ми се случи во животот. Се запознавме пред 40 години, го сакам, го обожавам“, рече Алмодвар преку видеопорака, а наградата ја подигна Алммодвар. Бандерас годинава во Кан ја доби наградата за најдобар актер за истата улога.

    Британската актерка Оливија Колман на почетокот на годинава доби Оскар за улогата во „Миленичка“, а  вечерва и европски Оскар.

    Најдобар краток филм е „Божиќен подарок“ на Богдан Морешанов. Наградата на Еуримаж за копродукција ја доби Анкица Јуриќ Тилиќ. Најдобро сценарио има Французинката Селин Сијама за „Огнена жена“.

    Француската актерка Жилиет Бинош доби награда за европски придонес во светскиот филм, а култниот германски режисер, актер и писател Вернер Херцог наградата за животно дело. Наградата избор на публиката за најдобар филм ја доби „Студена војна“ на Павел Павликовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира