МЈУЗИКЛОТ „ЛА ЛА ЛЕНД“ СО СТОУН И ГОСЛИНГ ОД ВЕНЕЦИЈА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА НА ОСКАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Венеција,(Вашингтонпост)

    МЈУЗИКЛОТ „ЛА ЛА ЛЕНД“ СО СТОУН И ГОСЛИНГ ОД ВЕНЕЦИЈА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА НА ОСКАРИ

    „Ла Ла ленд“ добива внимание уште од првите вести дека ќе се снима. Не само што има две омилени ѕвезди – Ема Стоун и Рајан Гослинг – туку овој џез мјузикл е по сценарио и режија на Дејмиен Чазел, номиниран за Оскар за „Ритамот на лудилото“.
    По премиерата на отварањето на фестивалот во Венеција во средата излегуваат првите рецензии, во кои „Ла Ла ленд“ се споредува со класикот „Пеејќи на дождот“, „Сите велат дека те сакам“ на Вуди Ален и „Шербуршките чадори“ на Жак Деми. Уште пред почетокот на фестивалот, директорот Алберто Барбера го издвои „Ла Ла Ленд“ како еден од американските филмови што ќе ја одбележи оскаровската сезона.

    Стоун ја игра актерката Миа, а Гослинг џез пијанист, кои се среќаваат во сообраќаен метеж и на крај ќе се вљубат. Се разбира, хемијата меѓу Стоун и Гослинг е потврдена, ова им е трет филм заедно, по „Луда, глупава љубов“ и „Гангстерски одред“.

    И „Телеграф“ и „Гардијан“ му дадоа на филмот 5 ѕвезди, како „мјузикл ремек-дело искапен во сонце“. Критичарот на „Варајети“ вели дека „на почетокот на сезоната за Оскари, овојпат под темен облак на контроверзи, филмови како овој си го земаат своето приородно место: ескапистичко лутање кое ја потсетува публиката зошто воопшто зјапа во подвижните слики на ѕидот, пред сѐ“.
    „Ла Ла ленд“ следната недела оди на фестивалот во Торонто, најголемиот во Америка, а во кино излегува на 15 декември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира