МОНОДРАМАТА „КАРМЕН“ СО ДРАГИЧЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА Е ПРВА ПРЕМИЕРА ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ГОДИНАВА

    МОНОДРАМАТА „КАРМЕН“ СО ДРАГИЧЕВИЌ-ПРОЈКОВСКА Е ПРВА ПРЕМИЕРА ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ГОДИНАВАПреку ликот на Кармен, жена во криза, авторот открил најголем дел од постојаните политички и социјални тензии во 1960-те во Шпанија. (Фото: Е. Бојаџиева)

    Монодрамата „Кармен“ со актерката Биљана Драгичевиќ-Пројковска е прва премиера на Драмскиот театар за оваа година, а изведбата е закажана за вечерва во 20 часот. Претставата се игра на голема сцена, а според протоколите од Комисијата за заразни болести, во публика е дозволено од 60-70 гости.

    Претставата е во режија на Дејан Пројковски, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес (1920-2010), шпански романсиер и еден од најважните автори на 20. век.

    Говорејќи за изминатата година, како година без претстави, изложби, проекции, концерти, режисерот вели дека светот тогаш се запраша за смислата на постоењето на нашата цивилизација.

    „Основниот порив на задоволување на животинските нагони сигурно не е она што човекот го прави поразличен од животните. Кога би дошол крајот на оваа наша цивилизација се прашувам што е она што треба да остане како доказ за смислата и вредноста на нашето постоење. Сигурно тоа ќе бидат делата на Шекспир, Достоевски, музиката на Бах, иконите на Дичо Зограф, приказните на Цепенков, зборникот на Миладиновци. Сигурно нема како податок за нашето постоње да оставиме колкупластични шишиња сме произвеле, колку делфини сме отруле со нафта во океаните, колку војни сме воделе или колку конзерви успешно сме отвориле. Уметноста е духовната смисла на постоењето на секоја цивилизација. Токму затоа театарот е важен сегмент во Ноевиот ковчег на човештвото, бидејќи со векови го создава и чува се онашто претставува смисла и вредност на постоењето на нашата цивилизација“, вели Пројковски.

    Преводот на делото го направи Ненад Велковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Раде Василев, музиката на Горан Трајкоски, а на сценските движења работеше Олга Панго.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира