МСУ ЌЕ ГО ИЗЛОЖИ ДЕЛОТО „ДОБЛЕСТ ВО НУЖНОСТ“ НА БАРУКЕЛО ЗА 60-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

    МСУ ЌЕ ГО ИЗЛОЖИ ДЕЛОТО „ДОБЛЕСТ ВО НУЖНОСТ“ НА БАРУКЕЛО ЗА 60-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТОKустосот-водич Бојана Јанева на една од турите во МСУ, на кои секогаш има голем број публика. (Фото: МСУ)

    После 35 години, на 10 февруари во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе биде изложено делото „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). Ексклузивното изложување на делото, како што велат од МСУ, е во чест на одбележувањето на 60 години од основањето на 11 февруари 1964. Јубилејот ќе се слави со дневен настан – матине од 12 часот.

    „По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, уметниците од целиот свет во знак на солидарност започнуваат да подаруваат свои уметнички творби од кои се создава уникатната колекција на Музејот. Делото на Барукело, кое е едно од најрепрезентативните донации на македонскиот музеј, е конзервирано од стручниот тим на МСУ-Скопје и ќе биде претставено пред јавноста овозможувајќи нови согледби и толкувања“, велат од МСУ.

    На настанот ќе биде претставен и новиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ бр.35/36 (2023), насочено кон актуелните дебати во критичката музеологија.

    По формалното отворање, ќе има тура низ тековните поставки со кустосот-водич Бојана Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира