МУЗИЧАРОТ САШКО КОСТОВ ДОБИ НАГРАДА „ИКАР“ ЗА НАЈДОБРА АВТОРСКА МУЗИКА ВО ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО БУГАРИЈА

    МУЗИЧАРОТ САШКО КОСТОВ ДОБИ НАГРАДА „ИКАР“ ЗА НАЈДОБРА АВТОРСКА МУЗИКА ВО ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО БУГАРИЈАКостов (десно) заедно со Карагитлиев добија награда за авторската музика за претставата „Вљубениот дирижабл“. (Фото: Сојуз на бугарските артисти)

    Македонскиот музичар и композитор, велешанецот Сашко Костов заедно со бугарскиот автор Јавор Карагитлиев ја добија наградата „Икар“ за најдобра авторска музика во претстава создадена во театар во Бугарија. Таа е национална награда на Сојузот на бугарските артисти кое доделува признанија во 52 категории.

    Наградата на Костов му беше врачена на 27 март, Светскиот ден на театарот, во националниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Костов заедно со Карагитлиев добија награда за авторската музика за претставата „Вљубениот дирижабл“, режија на Дијана Добрева, продукција на Драмскиот театар „Николај Масилитинов“ од Пловдив.

    Според образложението, Костов и Карагитлиев се наградени за нивниот уникатен звучен печат во театарската претстава.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира