НА 26 ФЕВРУАРИ ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ ВО НОБ ЗА 20-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

    НА 26 ФЕВРУАРИ ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ ВО НОБ ЗА 20-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИПрограмата ќе содржи делови од „Кавалерија рустикана“, извадоци од Моцартовиот „Реквием“, Прелудиумот од „Травијата“ и финалето од македонската опера „Лидија од Македонија“. (Фото: К. Попов)

    На 26 февруари во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје ќе се одржи комеморативен концерт во чест на 20-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски. Трајковски беше избран на претседател на изборите во ноември 1999. Загина во авионска несреќа близу Мостар на 26 февруари 2004.

    Концертот е поддржан со  3.236 евра (200 илјади денари) на Годишниот конкурс за национален интерес во културата за 2024. Директорот на НОБ Васко Ристов ни рече дече дека музичкиот дел од концертот внимателно го одбрал маестро Иван Еминовиќ, а ги вклучил ги сите сегменти на Националната опера – солистите, Хорот и Оркестарот.

    Ќе настапат Сандра Митровска, Наде Талевска, Марика Поповиќ и Јаворка Витанова. Програмата ќе содржи делови од операта „Кавалерија рустикана“ од Леонкавало, извадоци од Моцартовиот „Реквием“, Прелудиумот од операта „Травијата“ на Верди и финалето од македонската опера „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски.

    Во НОБ годинава ќе се постави и операта „Трубадур“, која последен пат е изведена на 20 декември 2008, додека последната обнова била на 9 февруари 2007. „Трубадур“ доби најмногу пари од Министерството за култура, 45.307 евра (2 милиони 800 илјади денари), а директорот Ристов вели дека периодов се во преговори за тоа кој ќе ја постави.

    Меѓудругото, на крајот на годинава премиера ќе има и на балетот „Ромео и Јулија“. Кореограф е Мартин Шекс од Франција, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Александар Ношпал и дизајн на светло е Том Клефстад исто така од Франција.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира