НАГРАДА ЗА „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА НА ФЕСТИВАЛ ВО ЊУЈОРК

    НАГРАДА ЗА „М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА НА ФЕСТИВАЛ ВО ЊУЈОРКФилмот на Вардан Тозија ја освои наградата Избор на селекторите. (Фото: Инстаграм)

    Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија доби награда на њујоршкото издание на фестивалот на независен филм Дансес вид филмс (Dances with films).  „М“ ја доби наградата Избор на селекторите на фестивалот, кој според „Ју-ес-еј тудеј“, се вбројува меѓу десетте најзначајни филмски настани надвор од Холивуд и има годишни изданија во Лос Анџелес и во Њујорк. Ова беше американска фестивалска премиера на „М“ кој есенва играше и на фестивали во Германија, Италија и Србија.

    Премиерата на „М“ беше на 13 јули на отворањето на фестивалот Синедејс во Скопје, а кинопремиерата во октомври. Филмот е работен по сценарио на Тозија и Даријан Пејовски. Продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е снимен мнозинска македонска продукција со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Луксембург. Светските права за дистрибуција ги поседува американската компанија  „Уан Ту три медиа“ (OneTwoThree Media).

    Филмот е дистописка приказна за осамено момче од шума кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила. Улогите ги играат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира