НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА АКАДЕМИК ВЛАДА УРОШЕВИЌ, КАРДИОХИРУРГОТ САШКО ЈОВЕВ, УМЕТНИКОТ ИСМЕТ РАМИЧЕВИЌ И ПРОФЕСОРОТ АФРИМ ОСМАНИ

    НАГРАДАТА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА АКАДЕМИК ВЛАДА УРОШЕВИЌ, КАРДИОХИРУРГОТ САШКО ЈОВЕВ, УМЕТНИКОТ ИСМЕТ РАМИЧЕВИЌ И ПРОФЕСОРОТ АФРИМ ОСМАНИПоетот Влада Урошевиќ е награден во областа на културата и уметноста. (Фото: МИА)

    Академик Влада Урошевиќ, уметникот Исмет Рамиќевиќ, кардиохирургот Сашко Јовев и професорот Африм Османи се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, соопшти Министерството за култура.

    Оваа награда е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во државата.

    Урошевиќ и Рамиќевиќ се наградени во областа на културата и уметноста, д-р Јовев во областа на здравството, а универзитетскиот професор Османи во областа на воспитанието и образованието.

    Наградата ќе им биде врачени на Денот на Свети Климент Охридски, 8 Декември, во свечената сала на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира