НАЈГОЛЕМИТЕ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ 10 ДЕНА БЕСПЛАТНО ЌЕ ПРИКАЖУВААТ ФИЛМОВИ НА ЈУТЈУБ

    НАЈГОЛЕМИТЕ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ 10 ДЕНА БЕСПЛАТНО ЌЕ ПРИКАЖУВААТ ФИЛМОВИ НА ЈУТЈУБЕкипана на филмот „Ирецот“, холивудските легенди Ал Пачино, режисерот Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро, лани на премиерата на Лондонскиот филмски фестивал. (Фото: ПА)

    Над 20 филмски фестивали низ светот се споија и бесплатно ќе прикажуваат филмови на Јутјуб, откако пандемијата на коронавирусот ги затвори киносалите, а мораше да се одложат и фестивалите во Кан и Трајбека во Њјуорк.

    Десетдневниот стриминг насловен „Ние сме едно: Глобален филмски фестивал“ ќе почне на 29 мај и ќе содржи филмови, меѓудругите, од фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс, Торонто и Трајбека, соопштија организаторите „Трајбека ентерпрајз“ и Јутјуб. Ќе учествуваат и фестивалите од Ерусалим, Сараево, Сиднеј, Токио и Лондон.

    Ќе се прикажат филмови, документарци, комедии, ќе има музика и разговори, но повеќе детали сѐ уште не се објавени. Малку е веројатно, сепак, дека ќе се прикажат и премиери.

    Засега е познато дека Канскиот фестивал кој се одржува во мај е одложен, а неизвесно е одржувањето на филмските фетсивали во Венеција и Торонто во септември.

    Филмовите ќе може да се гледаат бесплатно, но ќе има можност да се донираат средства за солидарниот фонд за КОВИД-19 на Светската здравствена организација (СЗО).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира