НЕМА ДА БИДАМ ПОДОБАР АКТЕР ОД ШИШКОВ, НО ЌЕ СЕ ТРУДАМ ДА ГО ДОСТИГНАМ, ВЕЛИ БЛАГОЈА ЧОРЕВСКИ ЛАУРЕАТ НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“

    НЕМА ДА БИДАМ ПОДОБАР АКТЕР ОД ШИШКОВ, НО ЌЕ СЕ ТРУДАМ ДА ГО ДОСТИГНАМ, ВЕЛИ БЛАГОЈА ЧОРЕВСКИ ЛАУРЕАТ НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“„Големо е задоволството што во семејството Чоревски, по брат ми Борис, јас сум вториот кој ја добива ова престижна награда. Можеби ние ќе останеме во историјата како единствени браќа актери што ја добиле наградата на мојот другар, пријател и колега Шишков“, рече Благоја Чоревски (Фото: СДК.МК )

    Благоја Чоревски ја доби наградата за најдобро актерско остварување на Фестивалот посветен на актерската игра „Ристо Шишков“ во Струмица. Во конкуренција на 50-тина актери од 10 претстави од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Словенија, Чоревски според меѓународното жири дал исклучителни актерски перформанси во улогата на Вифред Бодн во преставата „Квартет“ од Роналд Харвуд во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и „Контрапункт“.

    „За мене ова е голема сатисфакција, пред сѐ поради тоа што наградата го носи името на мојот колега со кого сум играл, еден од нашите најголеми актери. Да се добие оваа награда е истовремено и обврска да бидеш и понатаму уште подобар. Нема да бидам подобар од Шишков, но ќе се трудам да го достигнам уште малку“, рече Чоревски откако ја прими наградата во висина од 1.500 евра и златниот медалјон со ликот на Ристо Шишков.

    Благоја Чоревски со сопругата на свеченото затворање на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Пред седум години ова награда за најдобро актерско остварување ја доби и брат му Борис Чоревски заради што Благоја вети дека како семејство ќе се трудат да се оддолжат на Шишков, бардот на македонското глумиште.

    „Големо е задоволството што во семејството Чоревски, јас сум вториот кој ја добива ова престижна награда. Можеби ние ќе останеме во историјата како единствени браќа актери што ја добиле наградата на мојот другар, пријател и колега Шишков“, рече Чоревски.

    На ФКТ „Ристо Шишков“ беа доделени и НЕТА наградите од меѓународната театарска асоцијација. За најдобара престава е прогласена „Еднаш свет изградив“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, Ник Апер ја доби наградата за најдобра режија додека наградата за најдобра сценографија отиде кај Јулијана Војкова- Најман.

    Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски од струмичкиот театар ја добија НЕТА наградата за најдобра машка улога, додека Румјана Мерџаноска од театарот Враца од Бугарија и Мирјана Поповска- Ристов од театарот Комедија за најдобра женска улога.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира