Македонскиот глумец Никола Ристановски е еден од добитниците на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30. издание на реномираниот Фестивал на европски филм Палиќ (15-21 јули) во Србија. Наградата се доделува од 2020 за исклучителен придонес во европската кинематографија. Лифка бил еден од пионерите на кинематографијата во Средна Европа.
Покрај Ристановски, добитници на наградата „Александар Лифка“ се и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела.
Ристановски, кој е член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), е актер со богата театарска и филмска кариера, и во Македонија и во странство.
Европскиот филмски фестивал Палиќ е еден од најзначајните во Србија, а „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова ќе игра главната конкуренција за награди. Годинава во Палиќ Македонија е и Земја во фокус, со шест филмови: „Хомо“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума.
Б. НЕСТОРОСКА