НИЗ 160 ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛИКАРИ ПРЕТСТАВЕНА БОРБАТА ЗА ДРЖАВАТА НА РЕТКА ИЗЛОЖБА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    НИЗ 160 ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛИКАРИ ПРЕТСТАВЕНА БОРБАТА ЗА ДРЖАВАТА НА РЕТКА ИЗЛОЖБА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА СОБРАНИЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)Изложбата е насловена „Од ризницата на Македонското собрание“. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и две дела, избор од највредните уметнички дела кои се дел од колекцијата на Собранието на Македонија со 160 дела, се изложени во Кристалната сала. Изложбата е насловена „Од ризницата на Македонското собрание“ .

    (Фото: К. Попов)

    Изложени се дела на основоположници на современата македонската уметност, првата генерација академски образовани македонски сликари и скулптори кои ги поставија темелите на модерната македонска уметност, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Борко Лазески, Ејуп Омер, Василие Поповиќ Цицо, Бранко Костовски, Боро Митриќески, Петар Мазев.

    (Фото: К. Попов)

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека преку портрети, пејзажи, сцени од секојдневниот живот и експресивни композиции, овие уметници го пренесуваат духот на времето, борбата за културен идентитет и неговото оформување, станувајќи темел на националната свест и стремежот кон уметничка слобода.

    (Фото: К. Попов)

    „Оваа изложба фрла светлина врз едно богатство што досега било заштитено од очите на јавноста, но кое го одржува жив креативниот дух во ѕидовите на највисоката претставничка институција во нашата земја. Секое дело, секоја боја, секоја линија на оваа изложба претставува едно чувство, една епоха, еден глас што зборува во име на едно време и еден идеал. Бидејќи во времиња на технолошки промени, уметноста претставува стабилност. Во времиња на несигурност, уметноста е патоказ. Токму затоа е важно да ја зачуваме, да ја вреднуваме и да ја негуваме уметноста, затоа што таму каде цвета уметноста, цвета и духот на еден народ“,  рече Гаши.

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира