НОРА ШАЌИРИ-МАРКОВИЌ Е В. Д. ДИРЕКТОРКА НА КОМЕДИЈА, РИСТОВСКИ РАЗРЕШЕН ПОРАДИ НЕПРАВИЛНО РАБОТЕЊЕ

    НОРА ШАЌИРИ-МАРКОВИЌ Е  В. Д. ДИРЕКТОРКА НА КОМЕДИЈА, РИСТОВСКИ РАЗРЕШЕН ПОРАДИ НЕПРАВИЛНО РАБОТЕЊЕНора Шаќири-Марковиќ е вработена во Театар Комедија во маркетинг секторот. (Фото: Фејсбук)

    Поранешната новинарка и вработена во маркетинг секторот во Театар Комедија Нора Шаќири-Марковиќ  е назначена за в. д. директорка на Театарот, откако министерката за култура Ирена Стефоска го разреши досегашниот директор Сашо Ристовски поради неправилности во работењето, соопшти Министерството за култура.

    „По неправилностите утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в. д. директор е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во театарот“, вели министерката Стефоска.

    Театар Комедија е основан во 2011, и е сместен во зградата на некогашниот Театар „Центар“. На Фејсбук страната на Комедија уште стои дека директорка е актерката Јелена Жугиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира