НОРА ШАЌИРИ РАЗРЕШЕНА ОД ТЕАТАР КОМЕДИЈА, СТЕФОСКА ЈА НАЗНАЧИ МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКА

    НОРА ШАЌИРИ РАЗРЕШЕНА ОД ТЕАТАР КОМЕДИЈА, СТЕФОСКА ЈА НАЗНАЧИ МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ ЗА В. Д. ДИРЕКТОРКАШаќири-Марковиќ дојде на функцијата на 2 февруари годинава/Магдалена Ризова-Черних. (Фото: Фејсбук)

    Министерката за култура, Ирена Стефоска ја разреши в. д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ, соопшти Министерството за култура, додавајќи дека нова в. д директорка е актерката Магдалена Ризова-Черних.

    Одлуката е донесена по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.

    „Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес“, велат од кабинетот на министерката Стефоска.

    Шаќири-Марковиќ дојде на функцијата на 2 февруари годинава, откако Стефоска го разреши дотогашниот  директор Сашо Ристовски поради неправилности во работењето.

    Театар Комедија е основан во 2011, и е сместен во зградата на некогашниот Театар „Центар“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира