НОРВЕШКО-ИРАЧКИОТ „НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА“ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    НОРВЕШКО-ИРАЧКИОТ „НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА“ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛХалкавт Мустафа ја прими наградата за најдобар филм. (Фото: СФФ)

    Норвешко-ирачкиот филм „Нема рај ако те убие жена“, во режија на Халкавт Мустафа, ја освои наградата за најдобар филм на 26. издание на Скопје филм фестивал, кој се одржа од 4 до 9 ноември.

    Наградата за најдобра режија му припадна на Габор Холтаи за филмот „Чувство на дом“, кој, според оценката на жирито, преку алегориски приказ ја обработува темата на систематската државна репресија.

    Во рамките на селекцијата „Дијалози“, специјално признание доби филмот „Тивки ноќи“ на Лоренс Фахардо за прикажувањето на дејствувањето на одредите на смртта за време на режимот на Родриго Дутерте во Филипини. Фестивалскиот совет додели и специјална награда за филмот „Отфрлен“ во режија на Винсент Гарено.

    Жирито го сочинуваа: Стив Абот (продуцент, Велика Британија), Даниела Вебер (селекторка и фестивалска консултантка), Павле Вучковиќ (режисер и сценарист, Србија), македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска и македонскиот режисер и сценарист Даријан Пејовски.

    Следното издание на Скопје филм фестивал е закажано за периодот од 12 до 17 октомври 2027.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира