НОВИОТ ФИЛМ НА ЛУКА ГВАДАЊИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ ЈУБИЛЕЈНОТО 80. ИЗДАНИЕ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    НОВИОТ ФИЛМ НА ЛУКА ГВАДАЊИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ ЈУБИЛЕЈНОТО 80. ИЗДАНИЕ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛВо филмот играат Зендаја, Џош О'Конор и Мајк Феист, а светската премиера ќе биде на 30 август. (Фото: Венециски филмски фестивал)

    Филмот „Предизвикувачи“ (Challengers) на италијанскиот режисер Лука Гвадањино,  ќе го отвори 80. издание на Венецискиот филмски фестивал. Во филмот играат Зендаја, Џош О’Конор и Мајк Феист, а светската премиера ќе биде на 30 август.

    „Лука Гвадањино е еден од ретките италијански режисери кој знае да работи и со италијански и со странски актерки и актери, од кои секогаш добива одлични резултати. Дури и кога снима во странство, како што е случајот со ‘Предизвикувачи’“, изјави директорот на Фестивалот, Алберто Барбера.

    Гвадањино рече дека неговиот нов филм е модерна смела приказна за младешка енергија, љубов и моќ.

    „Зендаја, Џош и Мајк се целосно оригинални и свежи, внесувајќи нова енергија каква што досега не сте виделе. Едвај чекам публиката во Лидо да танцува по нотите од саундтракот на Трент и Атикус на отворањето. Како режисер, тоа е остварување на сонот и благодарен сум на Алберто и на целото семејство од Венеција за ова прекрасно признание за филмот“, кажа режисерот.

    Неговите филмови досега неколупати имале премиера во Венеција. Лани, во Кан, доби Сребренa палма за најдобра режија за канибалската романса „Коски и сè“ со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел, која освои награда за најдобра млада актерка.

    „Викај ме по твоето име“, филмот на Гвадањино од 2017, имаше номининација за најдобар филм на Оскарите.

    Фестивалот ќе трае до 9 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира