ОД 15 НОЕМВРИ ВО СКОПСКИТЕ МУЗЕИ ЌЕ ПОЧНЕ ЕДУКАТИВНА ТУРА ЗА ПРИКАЗНАТА НА МАЈКАТА ОД НЕОЛИТОТ ДО ДЕНЕС

    ОД 15 НОЕМВРИ ВО СКОПСКИТЕ МУЗЕИ ЌЕ ПОЧНЕ ЕДУКАТИВНА ТУРА ЗА ПРИКАЗНАТА НА МАЈКАТА ОД НЕОЛИТОТ ДО ДЕНЕС

    Во Музејот на Македонија од 15 ноември ќе почне да се спроведува проектот „Мајка“ – Приказна за мајката, од неолитот до денес, раскажана преку делата изложени во музеите во Скопје.

    Проектот е наменет за деца од училишна возраст од трето до шестто одделение, а од Музејот ги повикуваат наставнииците да закажат термини на 02/3116-044.

    Едукативната прошетка ќе ја водат вработените во музеите, почнувајќи од Археолошки музеј, движејќи се до Национална галерија (објект Даут пашин амам), потоа преку Стара скопска чаршија до Музеј на Македонија и Музејот на современата уметност (МСУ).

    „Мајка-животодателка, божица на плодноста, инспирација за многу современи дела, мајка насликана на платно во својот совршен облик, невеста-мајка-жена во непроценлива народна носија, во улога на семејно светилиште од искона го чува мирот во домот, претставува заштитничка на куќата, семејството и поколенијата. Мајка – единствена и сеопфатна во својата многузначна симболика“, велат од Музејот на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира