ОД КОВИД-19 ПОЧИНА МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР ЛУРАН АХМЕТИ КОЈ ИМАШЕ БОГАТА КАРИЕРА ВО СЛАВНИ ТУРСКИ СЕРИИ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНА МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР ЛУРАН АХМЕТИ КОЈ ИМАШЕ БОГАТА КАРИЕРА ВО СЛАВНИ ТУРСКИ СЕРИИАхмети стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“. (Фото: Фејсбук)

    Македонскиот актер Луран Ахмети, кој имаше богата телевизиска и филмска кариера во Турција, почина по компликации од ковид-19 на 46 години, објави медиумот „Јени Балкан’.

    Ахмети, чија матична куќа беше Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави, стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.

    Актерот играше и во турската серија „Збогум Румелија“ која како македонска копродукција се снимаше во Битола, како и во „Долина на волците“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира