ОД КОВИД-19 ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ И АКТЕР ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ И АКТЕР ЗАФИР ХАЏИМАНОВХаџиманов беше и композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на златното време на југословенските шансони. (архивска фотографија)

    Македонскиот актер и пејач Зафир Хаџиманов почина во Белград на 78 години по компликации од ковид-19.

    Хаџиманов беше и композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на златното време на југословенските шансони.

    Тој беше во брак со пејачкaта и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познатиот џез музичар.

    Зафир Хаџиманов е роден во Кавадарци.  Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес и како фолклорист оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

    Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1967 година.

    Автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како „Македонска крвава свадба“.

    Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

    Негови најпознати песни се : „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Во 2007 година, беше прогласен за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира