ОД ПОНЕДЕЛНИК ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОЕКТИ ВО КУЛТУРАТА ЗА 2023

    ОД ПОНЕДЕЛНИК ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОЕКТИ ВО КУЛТУРАТА ЗА 2023Новина годинава е што за првпат и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски паТ, вели министерката за култура. (Фото: Министерство за култура)

    Од понеделник, 17 октомври, културните институции и уметниците ќе може да аплицираат онлајн на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023. Системот ќе биде отворен на националниот портал е-услуги, а не како лани преку интернет страницата на Министерството за култура. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот.

    „Тоа го правиме со цел дополнително да ја поедноставиме процедурата, на апликантите да им заштедиме и време и средства за неопходните документи кои сега директно ќе можат да ги преземаат и да ги прикачуваат, како што се, на пример: уверение за државјанство, увид во тековна состојба и слично“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    Техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk како и преку контакт-центарот на овој портал.

    „Преку националниот портал е-услуги, автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените во правилата на Конкурсот. Затоа, и во оваа пригода ги замолувам корисниците да обрнат внимание на Општите услови и на условите за аплицирање во секоја дејност одделно. Особено во делот кај условите, со колку проекти може да се конкурира по дејност бидејќи, да повторам, системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности од пропишаните“, рече Костадиновска-Стојчевска.

    Новина годинава е што, за првпат и решенијата за прифатени, одбиени или отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат.

    Министерката додава дека помош во делот за пријавите корисниците и натаму ќе можат да побараат од секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира