ОД УТРЕ ПОВТОРНО Е ДОЗВОЛЕНА МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ЗАМП ЈА ТРГНА ЗАБРАНАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД УТРЕ ПОВТОРНО Е ДОЗВОЛЕНА МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ЗАМП ЈА ТРГНА ЗАБРАНАТА

    Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) ја тргна забраната за јавно емитување македонска музика што беше воведена на 17 септември минатата година, соопшто Здружението.

    Поради забраната минатата есен не се одржаа и фолк фестивалот Валандово и Скопскиот фестивал.

    Собранието на ЗАМП соопшти дека „со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП,  надминати се сите опасности кои се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава“.

    Од утре сите радија и телевизии можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП.

    Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодари на трговските радиодифузни друштва кои докрај ја испочитуваа забраната и со тоа дадоа безрезервна поддршка на авторите да ги остварат нивните загарантирани уставни и законски права.

    ЗАМП им се заблагодари и на здруженијата од Србија, Хрватска,Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на негова страна и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар  во земјава.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари