Деветнаесетотто издание на Офф-фест, кое беше закажано за 2 до 6 јуни се одложува за наесен, објави организаторот.
„Пред само еден месец, со веќе објавената, амбициозна програма, бевме оптимисти дека постои шанса за негово одржување. Меѓутоа настаните околу коронавирусот молскавично се развиваа, налагајќи ја потребата од итни чекори за запирање на ширењето на пандемијата. Оттаму, принудени сме да го поместиме планираниот термин. Ова се тешки времиња. Нашиот приоритет е здравјето на сите. Да направиме сè што е во наша моќ да си помогнеме едни на други, да се потрудиме да го направиме овој свет подобар“, велат од фестивалот, и додаваат дека за новите датуми ќе информираат дополнително.
Претходно беше објавено дека повеќе културни настани кои требаше да се одржат во април, како Скопскиот филмски фестивал и Танц фест Скопје се одложени за наесен.
Б. НЕСТОРОСКА