ПЕТ ЕВРОПСКИ ОСКАРИ ЗА „СТУДЕНА ВОЈНА“ НА ПАВЛИКОВСКИ

    ПЕТ ЕВРОПСКИ ОСКАРИ ЗА „СТУДЕНА ВОЈНА“ НА ПАВЛИКОВСКИПавликовски, кој во 2014 година доби Оскар за филмот „Ида“, со последниот филм „Студена војна“ беше годинашен фаворит за европските оскари и ги освои наградите во сите пет категории каде беше номиниран

    Романтичната драма на полскиот оскаровец Павел Павликовски „Студена војна“ ги освои наградите од Европската филмска академија (ЕФА) во сите пет категории каде беше номинирана: најдобар филм, режија, сценарио, женска улога и монтажа.

    На свеченото доделување на 31. европски оскари, коe имаше поприлично политички и општествен тон, синоќа во Севилја, Шпанија, покрај Павликовски награденa беше и главната актерка во филмот Јоана Кулиг. Кулиг, која е седми месец бремена не дојде на свеченоста, а наградата во нејзино име ја прими режисерот.

    Најдобар актер е Марчело Фонте за „Догмен“ на Матео Гароне, улога за која ја освои и актерската награда на годинешниот Кански фестивал

    „Му благодарам на Бога што се снимаат ваков вид филмови“, рече Павликовски по добивањето на наградата за најдобар филм.

    Најдобар актер е Марчело Фонте за „Догмен“ на Матео Гароне, улога за која ја освои и актерската награда на годинешниот Кански фестивал.

    Британскиот актер Реиф Фајнс ја доби наградата од Европската филмска академија за европски придонес во светскиот филм (Фото: ЕФА)

    Три филмови добија по четири номинации: „Граница“ на Али Абаси, „Догмен“ на Матео Гароне и „Среќен како Лазаро“ на Алиса Рорвахер. За наградите гласаа 3.500 членови на Академијата.

    Наградата Европско откритие – При ФИПРЕСЦИ ја доби „Девојка“ на Лукас Донт, кој ја посвети наградата на актерот Виктор Полстер и на Нора Монсор, млада трансексуалка врз чија животна приказна е заснован филмот. Донт беше критикуван дека за филмот зел актер кој не е трансексуалец, а на свеченоста рече дека знаел оти Полстер „ќе ја оправда довербата со игра која покажа дека најголемата моќ на секој уметник е емпатијата“.

    Британскиот актер Реиф Фајнс ја доби наградата од Европската филмска академија за за европски придонес во светскиот филм и говореше за тоа што значи, „да се сметаш себеси Европеец“.

    „Во Европа има криза. На нашето чувство за заедничка историја му се заканува поделба. Депресивно и стресно е да бидеш сведок на дебатата во мојата земја за тоа кои сме ние во Европа. Верувам дека филмските уметници се обединувачи чија работа по дефинција е обединувачка и мора да биде, за да преживе“, рече Фајнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира