ПИЧПРИЧ ЗА 8 МАРТ – ПРАВДАТА Е ВЉУБЕНА ВО НАСИЛЕН ДЕЧКО КАКО ШТО Е ВЛАСТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПИЧПРИЧ ЗА 8 МАРТ – ПРАВДАТА Е ВЉУБЕНА ВО НАСИЛЕН ДЕЧКО КАКО ШТО Е ВЛАСТА

    Како зрела праска во лето, беше најавена гала вечерта на раскажување женски приказни „ПичПрич“, што во рамки на фестивалот „Прво па женско“ се одржа синоќа во киното Фросина во МКЦ. Модератори беа Румена Бужаровска и Ана Василевска, а атмосферата беше како на рок концерт, преполно, со стоење, со гласно аплаудирање, смеење, со свирежи на одобрување на забавните приказни што гостите ги раскажуваа на темата „Љубовници“.

    Забавата мора да е зачинета и со малку сериозност најави Румена која со Ана на сочен начин ја воведоа публиката во темата. Патем добиваа скандирачки одобрувања зашто со хумор зборуваа за секстистичкиот приод на тема љубовница низ медиумите и женските списанија, а рекоа дека статистиката вели дека кога ќе влезе жена во таква врска треба да знае оти треба и да преживее, зашто најголем процент од насилна смрт врз жените е убиство, заради прељубничкиот однос, додека пак литературата вели самоубиство, како случаите со Ана Каренина или Мадам Бовари.

    Настанот се одржува на 8 Март, зашто овој фестивал е создаден пред пет години за да го преиспеиува значењето на Меѓународниот ден на жената преку создавање нов простор за креативно искажување. За да биде вечерта 50 на 50 проценти во односот помеѓу мажите и жените, како што е обично, на панел дискусиите по медиумите и по институциите, модераторките го најавија единственото машко во друштвото раскажувачи, писателот Петар Андоновски, саркастично додавајќи оти е тој миленик на Министерството за култура. Покрај наградите и успешноста на романите, никогаш не е поддржан оттаму.

    Петар ја внесе публиката во темата со многу хумор и на своја сметка за случка со еден свој партнер кој сметал дека ако ја изневерува жена си со маж, не се важи. Раскажувачите имаа по 10-тина минути, а следна беше професорката Светлана Камџијаш-Сеси која на есеистички начин сподели дека треба да се внимава на моментот од потребата за глад од љубов и од изобилието од неа.

    Посебно популарна беше професорката Беса Арифи која рече дека е сепак 8 Март, па да говориме за еманципацијата на жената.„Кај нас во Македонија најнееманципирана жена, понееманципирана и од онаа најнееманципараната во некое село, е правдата. Наместо да е убава како божицата Јустиција, таа е грешница која се вљубила во погрешен човек, во лош дечко. Се вљубила во власта, а тој е насилник. Како и сите девојки кои имаат таква врска, така и македонската правда станува или жртва или партнер во злосторството. Македонската правда заборавила на својата прва љубов, законот“, зборуваше Арифи на симпатичен јазик и добиваше големи аплаузи. Нејзината приказна заврши со пораката таа да раскине со лошиот дечко и да не заборави каква моќ всушност има.

    Меѓу раскажувачите кои насобраа огромен број публика беше и професорката и поранешна министерка за надворешни работи Илинка Митрева која рече дека ако сме очекувале пикантерии од нејзиниот дипломатски живот, ќе ги читаме во мемоари, а сега сподели интимна приказна од нејзин неколкукратен престој во Рим, и средба меѓу нејзиниот сопруг и постара Италијанка, газдарица на кафеана. Заврши со шега:„Да, ние сме во Европа, само преку Џулиета“.

    Посебни симпатии доби раскажувањето на активистката и феминистка Биљана Гинова. Таа на битолски, и иако низ многу хумор раскажувајќи за своите лезбијски врски, на моменти ја замисли публиката за теми како закоравеноста на малите средини за одредени прашања, заслепеноста на семејствата за проблемите и менталното здравје своите деца. Дружењето заврши со журка, а пред тоа и раскажувањето со последната приказна на актерката Катерина Коцевска која го сподели искуството од пишувањето на нејзиниот текст што се игра како претства, „Љубовници“.

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари